„Тетовирана Историја“ е проект преку кој македонската историја ќе ја погледнеме од поинаков агол.
Наместо историјата само да ја читаме, ја претвораме во уметност.
Наместо споменик, оставаме трага.
Преку тетовирањето, филмот и визуелниот јазик, секоја епизода раскажува приказна за едно место, еден симбол и дел од наследството што го носиме со себе.
Првата приказна нè носи во Стоби.
Место кое со векови ја раскажува својата приказна, а сега добива нова форма и нов начин на паметење.